ХОРОР: Со ќеса ја задушила осуммесечната ќерка, па се обидела да се самоубие (фото)

Тања Лакиќ Машо (37) најверојатно со ќеса за ѓубре ја задушила својата осуммесечна ќерка Ања и телото го оставила на терасата, а потоа се обидела да се самоубие.

Полицијата провалила во стан и таму затекнала страшна глетка. Жената лежела во локва крв, откако претходно си ги исекла вените, а на балконот било помодреното тело на осуммесечното бебе кое не давало знаци на живот, пишува српски „Курир“.

Безживотното тело на осуммесечното девојче било најдено синоќа на балкон од стан во зграда во Јужниот булевар во Белград, а нејзината мајка исекла вени.

Тања Лакиќ Машо (37) најверојатно со ќеса за ѓубре ја задушила својата осуммесечна ќерка Ања и телото го оставила на терасата, а потоа се обидела да се самоубие.
Тања Лакиќ Машо (37) најверојатно со ќеса за ѓубре ја задушила својата осуммесечна ќерка Ања и телото го оставила на терасата, а потоа се обидела да се самоубие.

На грозоморното откритие во станот на четвртиот кат му претходел повик од една вознемирена и загрижена жена во полицијата дека во заклучен стан има бебе и жена и дека никој не се јавува и не отвора врата. Полицијата провалила во станот и таму ја затекнала грозоморната глетка како 37-годишната Тања М. лежи во локва крв откако претходно ги исекла вените.

За среќа жената била жива и на прашањето каде е бебето, таа дала неубедлив одговор, па полицајците почнале да пребаруваат по станот. На терасата од станот го нашле безживотното тело на девојчето кое било помодрено и завтикано во ќеса.

Жената, за која се верува дека е под дејство на медикаменти, веднаш била пренесена во болница и во моментов е под надзор. Во станот бил направен увид, а телото на бебето е пренесено на обдукција, за да се открие причината за смртта.