
Заев ветува по 850 евра за секое семејство а нас СДСМ ни викаше дека нема по 100 евра да ни дадат како примања за оштетени стечајци на времето додека беа на власт, вели лидерот на стечајците Стојан Стојанов.
Стечајците кои останаа без работа во времето на СДСМ, денеска му одговорија на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој беше вчера во посета на Штип.
Тие се револтирани поради лицемерниот однос на Заев кој вчера како што тие влеат без срам ветуваше дека ќе обезбедел по 850 евра приход на секое семејство како и дека ќе ја зголемел минималната плата, ветување кое го дава само пред камера, а не го практикува ниту во сопствените фирми на Заеви.
Лидерот на стечајците Стојан Стојанов вели Заев ветува по 850 евра за секое семејство а нас СДСМ ни викаше дека нема по 100 евра да ни дадат како примања за оштетени стечајци на времето додека беа на власт.
Се зачудив бидејќи знам како беше кога ние баравме по 100 евра да се даде на луѓето, тие викаа дека буџетот на Република Македонија ќе дојде во колапс доколку бидат згрижени тие луѓе. Меѓутоа, се виде по толку години државата постои, се функционира, тоа не било никаков проблем. Тие немале никаква доблест да се реши средната класа која беше најпогодена во транзицијата во нивното владеење, а сега на истата карта манипулација со истите луѓе сакаат да добијат по некој поен, меѓутоа мислам дека луѓето не се со кратко памтење, тие ги памтат сите голготи кои ги поминаа, така да г. Заев мислам веќе нема што да бара кај овие луѓе и дека лагите се препознатливи од многу далеку, вели Стојанов.
Стојанов за Заев и СДСМ вели дека се луѓе без доблест, а народот не е со кратко паметење. Лагите се препознатливи од далеку. Го повика Заев да каже дали неговите вработени во Струмица во фирмите на Заеви земаат поголема плата од минималната. Додава дека ваквите негови ветувања се исти како оние од времето за по еден вработен од секое семејство.
Јас би го прашал да излезе и јавно да каже колку во неговите фирми во Струмица земаат плата неговите вработени и дали дава тој 850 евра плата. Да излезе јавно да каже, бидејќи знаеме дека и во Струмица нагло се протестира, има незадоволство од неговото работење, тоа е лицето на неговото работење. Ме потсеќа на 15 септември 2002 кога вика од секоја фамилија ќе биде по еден вработен, испадна да од секоја фамилија ќе биде избркан по еден вработен. Мислам не треба со тоа да се лажат, да се залажуваат луѓето, тоа е веќе нивна прочитана игра, вели Стојанов.