
Убиен напаѓачот во кампусот во Орегон. Американските медиуми објавија дека 26-годишниот Крис Харпер Мерсер е убиецот на десет луѓе во колеџот во градот Роузберг во американската сојузна држава Орегон. Мерсер бил застрелан од полицијата, пренесува БТА.
Според полицијата, напаѓачот на себе носел панцир и бил тешко вооружен. Со себе носел голамо количество муниција.
Шерифот на полицијата изјави дека на местото биле испратени тактички единици.
Во нападот биле убиени десет лица, а седум други се повредени. Инаку претходните проценки беа дека бројот на жртви и на повредени е многу поголем.
Според очевидците, црнецот Мерсер упаднал во колеџот Ампукуа пукајќи и прашувајќи ги студентите на која религија припаѓаат. Тој ги застрелал тие што се изјасниле како христијани.
Пред да оди на операција, една од жртвите, Анастасија Бојлан им раскажала на татко и и брат и дека напаѓачот влегол во нејзината училиница со пукање. Професорот бил веднаш застрелан, а сите во училницата легнале на под.
Напаѓачот додека ја полнел пушката им наредил на сите студенти што се христијани да станат.
Откако станале, Мерсер рекол:
Добро бидејќи сте христијани, ќе го видите Бог за една секунда, раскажува таткото на Бојлан за Си Ен Ен.
Дел од американските медиуми јавија дека Мерсер бил студент на колеџот, како и оти напаѓачот претходно на интернет-страницата „4chan“ ги објавил своите намери за нападот во колеџот.
Градот Роузберг, кој има околу 20.000 жители, се наоѓа на околу 420 километри јужно од Портланд.