
Затвор за двајца Пехчевци кои биле фатени како берат марихуана. Насадот со неколку стебла марихуана бил откриен на местото викано „Централата“ во атарот на Пехчево, а биле затекнати две лица како берат од насадот.
Од МВР информираат дека пехчевците Ш.Џ.(26) и Е.Ф.(24) биле затекнати како берат листови од засадениот насад и ги ставаат во ранец. Од страна на полициски службеници бил извршен преглед над истите при што во ранецот биле пронајдени се листови од стебло и едно откорнато стебло од засадениот насад.

По овластување на Јавното Обвинителство, од страна на полициски службеници извршен е увид на наведената локација при што е констатирано дека има уште пет стебла во различна димензија.
Ш.Џ и Е.Ф. се лишени од слобода и со истите се обавени службени разговори.
По издадена наредба од Основен суд од Берово извршен е претрес на домовите на Е.В. и Ш.Џ. и од извршениот претрес пронајдени се дополнителни материјални докази во врска со извршеното кривично дело.
Инаку лицата се познати на службата од областа на недозволена трговија со дрога.