
Куќна среќа е растение за кое се врува дека носи радост и среќа во домот каде се одгледува. Може да биде и оригинален подарок, што јасно порачува колку среќа и радост им посакуваме на луѓето на кои им ја подаруваме.
Според Фенг шуи филозофијата ова растение го поттикнува протокот на позитивна енергија.

Иако потсеќа на мов, ова цвеќе го красат ситни, густи, кружни зелени ливчиња. Куќна среќа расте во вид на мала грмушка. Потекнува од островот Сардинија и воопшто не е тешка за одржување.
За да го негувате ова растение потребно ви е да почитувате неколку основни правила. Тоа бара сончева светлина, но без директно изложување на сончевите зраци. Убаво ќе напредува на места што имаат блага сенка, па ако ја чувате дома изберете и место во внатрешноста на прозорецот што гледа кон север.
Температурата што и одговара е во интервал до 10 до 24 степени.