Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија

Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија
Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија

Документите од Американците ни покажаа каква мизерија од политичари и политичка опција , за жал, владеела еден добар период со Македонија, во време на аферата со „Телеком“, истакнува новинарот Бобан Нонковиќ во емисијата на Миленко Неделковски.

Тој вели дека СДСМ во тоа време работеше на маргинализација на македонскиот народ во интерес на сопствениот џеб и партискиот буџет.

Нивен таргет се оние потписници кои ги делеле милионите, а не оваа мизерија која ги примала милионите и кои од македонскиот граѓанин биле избрани да му помогнат на истиот да напредува, да има подобар живот, а всушност работеле само за својот џеб и на штета на народот. Но, во конкретните документи го има името на Беким Земовски. Тоа е лик кој за сите нас е непознат од овие документи. Тоа е човек од кабинетот на Владо Бучковски, а јавно никогаш не сме го виделе. Тој всушност бил еден од линковите, врските, кој наводно често одел во Грција на средби со Контаминас , според документите. Доаѓаме до интересен податок дека тој всушност работел заедно со Тео Вајгел. Да потсетиме, Вајгел беше ангажиран од Владата на Бучковски како економски советник, рече Нонковиќ.

Во оваа емисија, Нонковиќ додаде дека владите на СДСМ ги работат странци, а челниците на оваа партија само земаат пари.

Луѓето кои до ден денес го нарекуваат македонскиот народ глупав, прост, неук, немиен, всушност на дело работеле да го направат токму таков, а не каков што е. Всушност тие работеле на уназадување на македонското општество и на маргинализација комплетна на македонскиот граѓанин. За да го држат таков несвесен и неинформиран и да ги гласа таквите што работеле единствено во интерес на сопствениот џеб и буџетот на својата партија. Тоа е партијата што, за среќа, е длабоко во опозиција изминативе 10 години, истакна Нонковиќ.

 

Пoврзани вести: 

Нонковиќ за Телеком: СДСМ работеше на маргинализација на граѓаните, во интерес на сопствениот џеб