
Околу 630.000 мигранти илегално влегле во Европа од почетокот на годината, изјави директорот на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс, Фабрис Лезери во интервју за француски медиуми.
– Регистрирани се околу 630.000 илегални минувачи на границата до крајот на минатиот месец, истакна Лезери, потврдувајќи дека Фронтекс планира да ангажира „60 авиони за враќање на илегалните мигранти “ оваа година, во споредба со 39-те летала минатата година.
Фронтекс минатиот месец соопшти дека во текот на цела 2014 година е забележан влез на 280.000 мигранти.