
На 20-те најдобри студенти претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2015/2016 година.
Стипендиите „Борис Трајковски” им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите се обезбедени од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.
На доделувањето на стипендиите ќе присуствува заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.