
Фабриката за автомобилски делови, „Маркарт“, утре започнува со производство. Фабриката е изградена во индустриската зона „Караслари“ во Велес, и според најавите се планира да се вработат околу 600 лица.
„Маркарт“ е првата поголема странска инвестиција во Велес, која тежи 35 милиони евра.
Македонија е 11-та земја во која се шири бизнисот на семејството „Маркарт“. Со годишен обрт од 700 милиони евра, компанијата која има фабрики во 13 земји спаѓа во групата на брзо- растечки.