Нуланд: Русија во Сирија и во Украина има можност да соработува

Нуланд: Русија во Сирија и во Украина има можност да соработува
Нуланд: Русија во Сирија и во Украина има можност да соработува

Русија во Сирија, како и во Украина, има можност да биде кооперативен актер и да придонесе за стабилност, изјави помошник-државниот секретар на САД Викторија Нуланд на дебатата која германскиот Маршалов фонд ја организираше денеска во Вашингтон на тема „Европа 25 години по обединувањето на Германија – кризи, единство и можност“, објави МИА.

Ако главен мотив за Москва и натаму биде останувањето на Башар ал Асад на власт, не само што тоа нема да придонесе за пораз над Исламска држава, туку и ќе ја влоши граѓанската војна во Сирија и ќе натера уште поголем број бегалци да тргнат кон Европа, рече таа.

Нуланд истакна дека Русија има можност во Сирија, како и во Украина, да соработува во воспоставување стабилност, што како што наведе, ќе го поздрават и САД и Европа, наместо „и натаму да оди во спротивен правец“.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Нуланд оцени дека и тука многу од тоа е во рацете на Москва, кога станува збор за нормализација на ситуацијата, барем на истокот на земјата.