
Маж почина утрово околу 6:20 часот во тешка сообраќајна несреќа во населбата Ѓорче Петров.
Инцидентот се случил на крстосницата помеѓу улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, кога возило марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски таблички удрил во 76-годишниот скопјанец Благоја Н.
Од ударот пешакот починал на местото на настанот.
Во моментот полицијата се уште врши увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.
Страшна сообраќајна несреќа се случи во населбата Ѓорче Петров во Скопје.