Што може да се направи од стариот џемпер? Сигурни сме дека сите вие дома имате некој стар џемпер што само стои во вашиот гардаробер и секој пат кога ќе го видите мислите дека треба да го фрлите.
Но, за оние што сакаат да рециклираат, ова е еден интересен начин како да го употребите вашиот стар џемпер и да направите нешто ново.
Станува збор за мошне едноставен и лесен проект што може да го направи секој.
Се што ќе ви треба за да го изработите проектотр прилижен во видеото е лепило или игла и конец и ножици.
Напомена: Девојката во видеото користи лепило, но вие можете краевите да ги прицврстите со игла и конец и притоа резултатот ќе биде ист.