Руски воени бродови извршиле напади врз Исламска држава

Четири руски воени бродови синоќа извршиле ракетни напади од Каспиското Море врз објекти на инфраструктурата на Исламска држава во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Цел на ракетните напади биле фабрики за производство на оружје и експлозиви, командни центри, складишта за муниција и кампови за обука, се додава во соопштението.