
Дали се сеќавате Фротирка од Делчево, дали се сеќавате на Партизанка од Делчево,, дали се сеќавате на Гобленка од Делчево или на ЗИК Сандански, на кожарата, на Пирин од Делчево, на Полет или Руен исто така од Делчево? Знаете овие судбини што значат? Многу црни судбини за илјадници граѓани на Делчево.
Со овие зборови Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната пленарна седница по повод дискусијата за Законот за минимална плата ја започна својата реплика кон пратеничката од редовите на СДСМ Мира Стојчевска.
Димовски потоа посочи дека СДСМ додека беше на власт остави 200 000 луѓе без работа и на улица.
Сакате за другите градови да Ви набројувам? 200 000 луѓе оставивте на улица. Зошто? За да направите 15-20 олигарси во држата и илијадници луѓе да останат во сиромаштија? Да ни бегаат луѓето во странство? Па Вие ли ќе ни продавате социјална правда?, праша Димовски.
Илија Димовски исто така потенцираше дека во време на владеењето на СДСМ, токму пратениците од редовите на СДСМ гласале за Закон за работни односи со кои што се одземале работничките права на вработените само за некој од СДСМ да земе пари од Телеком.
Во таа насока, Димовски во репликата кон пратеничката Мира Стојчевска и напомена дека таа застапува партија која нанесла огромно зло на стотици илјади граѓани на нашата држава.
На крајот, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската говорница извади и покажа две ленти, од кои едната беше црвена која претставува доказ за тоа дека прв пат по 25 години во Велес овие денови се отвори фабрика, додека пак покажаната црна лента, според Димовски, ги симболизира фабриките кои што СДСМ во нивно време ги затвори и остави илјадници луѓе без работа низ цела територија на Република Македонија.
Дали знаете што е ова? Ова е црвена лента од прв пат после 25 години отворена фабрика во мојот град Велес. Прв пат после 25 години. А ова знаете што е? Е ова се Ваши ленти. Ова се лентите на овие фабрики кои што Ви ги прочитав. Фротирка, Партизанка, Гобленка и слично, заврши Илија Димовски.