
Српски боксер е пронајден мртов на подот на бањата, во состојба на распаѓање, откако полицијата на повик на соседите провалила во станот.
Станува збор за некогашниот ас на бокс клубот „14 Октомври”, 67-годишниот Десимир Сретеновиќ-Тарабаша.
Десимир со години живеел сам, отуѓен од семејството, во стан преполн со ѓубре.
Не контактираше со луѓе. Го препознаваа по беретката која ја носеше. Никому не се јавуваше, и понекогаш ќе поздравеше некого со кревање на раката. Долго време не комунициравме, но го следев неговото движење и состојбата. Дојдов да го погребам како што доликува бидејќи не е во ред да го погреба општината. Жал ми е што никој не сметаше дека е потребно да го прати на лекување. Моите кучиња живеат подобро од тоа што тој живееше, раскажал неговиот брат Витомир Сретенови.
Десимир се повлекол кога имал 37 години поради психолошки проблеми, а пред тоа работел во ИМК „14 октомври” како благајник.
Тој боксувал во лесна, полутешка и тешка категорија, а најуспешен бил во тешка категорија.
Во кариерата имал повеќе од 200 натпревари и од повеќето од нив излегувал како победник.
Бил борец без мана и не се плашел да влезе во ринг ни со најголемите боксери. Сепак, имал проблеми и бил отуѓен од луѓето.
Десимир бил познат е и по тоа што донирал крв 120 пати.