
Портпаролот на авганистанската полиција изјави дека тројца авганистански цивили се полесно повредени при самоубиствениот напад со автомобил-бомба врз конвој со странски војници во Кабул.
Тој додаде дека нема повредени странски војници, а информацијата ја потврди и портпаролот на меѓународната мисија „Одлучувалчка поддршка“ во Кабул.
Во нападот оштетени се две возила на НАТО, како и околните продавници.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, тврдејќи дека убиле голем број странски војници.