
Mеханизацијата на терен работи на справување на штетите од невремето во охридско. Од Град Скопје кон Охрид тргнаа возилата и пумпата кои беа најавени по состанокот на координативното тело.
-Веднаш договараме да се обезбеди дополнителна механизација и пумпи, остварив контакт со градоначалникот на град Скопје и ЈП Водовод на град Скопје кои дополнително ќе дадат механизација, а ќе има и неколку кипери“, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.
На состанокот беа утврдени критичните точки, сите пет свлечишта кои се појавија во овој регион веднаш се санирани, се договори да се обезбедат дополнителни пумпи за вода и дополнителна механизација. Исто така, каналите за одводнување се исчистени и проширени,
Надлежните ги користат сите човечки ресурси и се ангажирани за да се отстранат последиците од невремето.Градоначалникот Бакрачески ги повика и приватните компании кои имаат механизација да помогнат за справување со оваа елементарна непогода.
Дополнително ќе се вршат проценки на штетите, а сега најважно да се санираат критичните места како превенција од евентуални нови обилни врнежи. Каналите, како што беше речено, се чистени пред и по завршување на летото, но големите дождови и покрај расчистувањето ноќеска, не можеа да ја поднесат сета вода од врнежите.