
Државната награда 11 Октомври во областа на културата и уметноста ќе биде врачена денеска на четворицата добитници во Собранието на Република Македонија.
Добитници на наградата 11 Октомври за 2015 година се академик Митко Маџунков, писател, а во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.
Наградата 11 Октомври е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија