
Континуираната руска поддршка за сирискиот претседател Башарал Асад само ќе ја продолжи војната во Сирија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, објави МИА.
– Русија би требало да игра конструктивна улога во борбата против „Исламска држава“, но нејзината поддршка за режимот на Асад не е конструктивна. Со тоа само се продолжува војната во Сирија – изјави Столтенберг во обраќањето на пленарната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во норвешкиот град Ставангер.
Тој призна дека „во моментов политичко решение во Сирија се чини дека е неостварливo и не многу реално“, но истакна дека тоа „нема алтернатива“, пренесе ТАСС.