
Постарата ќерка на славната лото девојка, Сузана Манчиќ (58), Теодора Куниќ (21), се свршила со 20 години постар бизнисмен во Виена, пишуваат српските медиуми.
– Свршувачката била романтична и емотивна и се случи во Виена па не присуствував, но имав претчувство дека тоа ќе се случи. Реагирав многу емотивно кога ја дознав радосната вест, сепак Теодора е мое прво дете, моја гордост. Ако зетот е добар со неа, ќе биде добар и за мене, тој е американски државјанин и има свој бизнис, па избираат место во Европа каде би можеле да живеат – изјавила Манчиќ за српски „Ало“.