
Кинезот Ченг Гонгке неодамна го патентира својот изум – машина за миење коса. Самите проценете дали станува збор за машина за мачење или за корисен апарат.
Оваа справа е направена со помош на кацига за мотоцикл, неколку канти вода и контролна табла, а секако има и огледало.
Уредот за автоматско перење на косата има неколку брзини и е наменет за сите што неможат или не сакаат самите да ја мијат косата.
Којзнае можеби и овој апарат еден ден ќе стане неопходна алатка во секој дом.