
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека дел од осомничените за самоубиствениот напад во Анкара во кој во саботата загинаа 97 луѓе, минале неколку месеци на боишта во Сирија и можно е да биле поврзани со Исламска држава или курдски екстремисти.
– Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите самоубици со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – изјави Давутоглу.
Давутоглу рече дека истрага има и за тоа дали имало разузнавачки и безбедносни пропусти пред двојниот самоубиствен напад во Анкара извршен во саботата.