
Трилатерален Македонско-унгарско-тајвански бизнис форум, во организација на Сојуз на стопански комори ќе се одржи денес во рамки на саемот Технома 2015.
Целта на форумот е остварување директни деловни контакти за креирање конкретна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи.
Како што информира ССК, бизнис делегациите од Унгарија и Тајван ги сочинуваат реномирани компании од индустрискиот сектор – производство и продажба на високо квалитетни алатки за обработка на метал, инженерство, пневматици, машини за одржување површини, пота на алати за автомобилската индустрија,… од унгарска страна, како и производство на таблети, звучници, рутери, таксиметри,… од тајванска.
Саемот се организира во соработка со Унгарската национална трговска куќа во македонија и Тајванскиот совет за надворешен развој.