
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денес беа во посета на општината Чешиново Облешево каде извршија увид во поплавените подрачја од овој регион.
При посетата, министерот и заменикот се сретнаа со жителите и ги слушнаа нивните барања во врска со чистењето на каналите кои предизвикуваат поплава на обработливите површини.
Мисајловски најави дека уште во текот на денешниот ден ќе се обиде да обезбеди механизација за чистење на затнатите канали се со цел жителите навреме да го соберат плодот од нивите.
Заменик министерот Костадиновски најави дека во соработка со општината, стручни комисии веднаш ќе излезат на терен за да наравата проценка на штетите за што побрзо обештетување на сите земјоделци кои имаат пријавено штета.