
СДСМ се откажа од активна регистрација на гласачите, со што се потврди дека поради маркетинг го оспорува избирачкиот список, обвини Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по денешните преговори меѓу четирите политички партии.
-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека избирачкиот список и таков каков што е денеска ги исполнува стандардите за одржување на фер и легитимни избори, но понудивме опција до сите политички партии било каков предлог кој ќе го усогласат за зголемување на нивната доверба во изборниот процес, односно во избирачкиот список, за нас е прифатлив заради тоа што нема што да се крие. Тоа на крај се докажа со откажувањето на СДСМ од активната регистрација. Нивните тврдења дека изборите не биле фер и не биле легитимни, самите си ги негираа со повлекување на тој предлог, истакна Димовски.