
Екипата на францускиот филм „A fond” го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел Македонија до Градско.
Поради тоа од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.
Поради обилни врнежи од дожд се уште е во прекин сообраќајот на локалниот пат од селото Ропаљце до селото Никуштак, а, сообраќајот на другите патни правци во Македонија се одвива по суви коловози.