Генералниот директор на ОН во Женева, Милер изрази очекување за проширување на соработката, и подготвеност за натамошна поддршка на Република Македонија, преку проекти со цел надминување на актулените предизвиците.
На средбата Иванов и Милер зборуваа за надворешно – политичките приоритети на Република Македонија и актуелната мигрантска криза со која се соочуваат земјите од Западен Балкан и Европа, пренесе МИА.
Македонија, односно Балканот е клучниот европски коридор за транзитирање низ Европа, посочи македонскиот претседател и истакна укажа дека е потребна итна интеграциja на Македониja и земjите од регионот во безбедносниот систем на ЕУ, но и зголемена техничка и финансиска помош за справување со кризата.
Република Македонија дава максимален придонес во надминување на кризата со мигрантите, делуваме усогласено со другите земји, посебно со земјите од регионот, се разбира, не загрозувајќи ја националната безбедност, рече претседателот Иванов.
Неопходна, како што рече, е засилена соработка меѓу државите во регионот во контекст на постојано информирање и превенција од заканите и ризиците од илегалната миграција реафирмирајќи ја идејата за основање на антитерористички центар на Балканот.