
“Политика” ексклузивно ја пренесе оваа вест од таборот на српскиот фудбалски првак, а ако информацијата е точна, тогаш ова ќе биде втор ваков случај.
Претходно и Чедомир Јаневски замина во Белгија, каде прифати ангажман од Монс, а сеуште ги немаше расчистено односите со ФФМ.
По слабите игри на “црно-белите” во домашниот шампионат, сменет е досегашниот тренер Зоран Милинковиќ, а иако имаше најави дека Иван Томиќ ќе биде новото решение за клупата на Партизан, сепак, “Политика” тврди дека тоа ќе биде Љубинко Друловиќ.
Сепак, треба да се почека официјалната информација и од самиот клуб.