Осомничените главно имале улога на логистичари, односно при двата кривично-правни настани и помагале на групата во извршувањето и прикривањето. Освен помагањето на криминално-терористичката група од „Диво насеље“, еден од осомничените имал обиди во текот на тогашната полициска акција да мобилизира помлади лица и со таа група да изврши напади во Скопје, да ја дефокусира полицијата и да ја намали нејзината сила во напорите за совладување на вооружената група во Куманово, соопшти МВР.
Оттаму посочуваат дека станува збор за седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче. Сите седуммина се осомничени за извршување на кривични дела „Терористичка организација“ по чл.394-а и „Тероризам“ по чл.394-б вв со чл.24 „Помагање“ од КЗ на РМ.
Од страна на МВР на РМ врз основа на судски наредби за претрес на дом и други просториии извршени се претреси на пет локации и тоа две во с.Отља, две во с.Брест и една во с.Матејче. При претресите пронајдени се карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми 7.62 мм, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два испукани патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС касети, лисици за врзување, 1400 евра, 45 куршуми 7.9 мм, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои ќе бидат предадени на надлежниот Јавен Обвинител, информира МВР.
При реализирањето на големата полициска…