
Градежен работник попладнево почина во Кавадарци како последица на повредите со кои се здобил при пад од покривна конструкција.
На местото на настанот се врши увид од кавадаречката полиција и од инспектор за заштита при работа.
-Настанот се случил околу 15.15 часот во хала која се наоѓа во просториите на агрокомбинат ДИК „Страшо Пинџур“. Лицето извршувало градежни работи, паднало од покривната конструкција и починало, информираа од СВР Велес.