Зврлевски: Јавното обвинителство не е политичко обвинителство

Jавното обвинителство на Р.М е концепирано со закон, не сме политичко обвинителство, изјави во Топ Тема, државниот обвинител, Марко Зврлевски.

-Со политички договор е формирано специјалното обвинителство и затоа го сметам за политичко, вели Зврлевски.

Зврлевски вели дека  носењето на законот е во надлежност на собранието, но поднесувањето на барањето за оценување на законитоста на специјалното обвинителство е право на секој граѓанин но и должност на обвинителите.

Според него, истражувањето на предметите поврзани со политичките бомби треба да биде во рамките на јавното обвинителство.

Тој порача дека во обвинителството ништо не е ставено под тепих и се постапува по предметите кои произлегле од објавените бомби, во согласност со законите и уставот на Р.М. Според Зврлевски, обвинителството постапува и по допрен глас, но нормално е дека во тие случаи не оди толку лесно, пренесува Телма.