
Поголемиот дел од луѓето знаат дека кората од бананите е многу хранлива, но многумина сметаат дека нејзината единствена цел е да ја заштити меката внатрешност.
Кората од бананите е исклучително хранлива, под услов малку да се приготви.
По доброто миење, кората може да се исецка во блендер и во комбинација на други овошја да создаде прекрасен шејк.
Освен тоа на Интернет има голем број рецепти за подготовка на кората од бананите – од пржење до печење.
Еве и причини поради кои екпертите за исхрана советуваат кората од бананите да не се фрла, бидејќи содржи во дневни потреби:
-12 проценти од потребите за влакна, кои помагаат во варењето на храната
-17 отсто од потребниот витамин Ц, кој помага во јакнење на имуниот систем, раст и развој
-петина од потребниот витамин Б6, кој учествува во процесот на претворање на храната во енергија
-12 проценти калиум, кој помага во развој на клетките, ткивата и органите и е еден од главните електролити во организмот
-8 отсто магнезиум, кој учествува во создавањето енергија и регулирањето на крвниот притисок