
Екипи на ЈП „Градски Паркинг”, во соработка со ЈП „Комунална хигиена” деновиве спроведоа акција за чистење на повеќе паркинзи кои се стопанисуваат од страна на градското претпријатие.
Во акцијата извршено е чистење, собирање на лисјата и миење на отворените паркинзите.
Исчистени се паркинг простори на повеќе локации во Општина Центар, како и паркинг просторот лоциран под Железничката станица.