Само кивите двојно ја задоволуваат вашата дневна потреба за витамин Ц, а цитронот ќе ви помогне да ги задоволите и другите потреби за витамини.
Овој сок има само 156 калории, 1 грам масти, а воопшто не содржи холестерол.
Состојки:
- 1 цитрон – излупен и исечен на парчиња;
- 2 средни портокали – излупени и исечени на парчиња;
- 3 киви – излупени и исечени на парчиња.
Подготовка:
Ставете ги состојките во блендер и промешајте ги додека не добиете еднаков сок. Пресипете го во друг сад и доколку има потреба додадете вода. Сокот се чува во фрижидер два дена, а пред пиење, задолжително промешајте.