СВР Велес поднесе кривична пријава против В.П. (23) и М.Ѓ.(21) и двајцата од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Ноќта помеѓу шести и седми минатиот месец пријавените со подесен алат ја отвориле влезната врата од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Велес, се качиле на горниот кат, со туркање ги отвориле вратите од две училници и одзеле 61 мини лап-топ компјутер и опрема за истите.
Предметите ги сокриле во стан во Велес и планирале да ги продадат.
На шестнаесети септември по претходно добиени оперативни сознанија, од сега пријавените лица одземени се сите лап-топ компјутерите кои со потврда се вратени на училиштето.