Ослободете се од стресот со масажа на оваа точка во увото

Брзото темпо на живот го исцрпува нашето тело. Често сме уморни, загрижени и размислуваме за одмор и опуштање.

Еве еден предлог со кој можете да му помогнете на својот организам.

Психијатарот и доктор по медицина, Марк Сандомирски од неодамна почнал да ги советува своите пациенти да го намалат стресот така што ќе масираат една точка во ушната школка.

Понекогаш кога сме под стрес чуствуваме некоја тежина околу телото и ни се чини дека ни е променето дишењето, а умот ни се „закочил“. За да го вратите организмот во нормална состојба прво мора да го исфрлите целиот стрес од себе.

Во отстранувањето на стресот може да помогне психо-рефлексијата. Масажата на оваа точка може да го отстрани стресот, а неа ја откриле древните Кинези и ја нарекле точка на притисок Шен Мен.

Правилна масажа е кога ќе земете парче памук и со неа нежно ќе ја масирате оваа точка. За да се постигне правилниот ефект вдишете длабоко. Кога ќе вдишете свртете ја главата на лево, а кога ќе издешете на десно.

Препорачливо е постапката да ја повторувате секоја вечер пред спиење.