
Бред Пит и Анџелина Џоли повторно се заедно на филмското платно. Славната брачна двојка се појавува заедно во филмот „Покрај морето“ кое е во режија на Анџелина Џоли, а веќе е објавен и првиот трејлер.
Станува збор за сериозна драма, а во трејлерот Бред и Џоли покажуваат каква била атмосферата на снимањето на филмскиот проект.
„Покрај морето“ ја следи приказната на американскиот пистаел Роанлдо, кого го толкува Пит и неговата сопруга Ванеса (Анџелина) кои доаѓаат во мирното и идилично одморалиште на морето во Франција во 1970-тите.
Нивниот брак очигледно е во криза. Додека поминуваат време со другите патници, вклучително и со младиот брачен пар Леа и Франсоа и двајцата жители на селото Мишела и Патрис, двојката ќе почне да ги прифаќа нерешените проблеми во својот живот.
Проектот е инспириран од европскиот филм и театарот од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Во филмот се и децата на омилената холивудска двојка, па така може да се каже дека Анџелина овој пат дословно го вклучила целото семејство во проектот.