
Врнежи од дожд и снег на планините. Според УХМР врнежите од дожд на некои места ќе достигнат и над 50 литри на метар квадратен. Повремен снег се очекува на највисоките планински врвови.
Врнежите од дожд ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови.

Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Од утре сончево и пораст на температурите
Утре претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои в недела ќе се движат од 14 до 20 степени.