
Од 13-ти декември годинава ќе тргнат првите директни возови од Москва до Белград, а следното лето и до Црна Гора, јавува Б92.
Руската „Федерална патничка компанија“, претпријатие на Руски железници од 13-ти ќе го обнови железничкиот сообраќај со Унгарија, Србија и Бугарија, а од почетокот на 2016-тата и со Црна Гора.
Вагоните Москва – Софија и Москва – Будимпешта ќе бидат во состав на возот 9/10 Москва – Варшава „Полонез“.
Вагонот Москва – Софија за прв пат ќе тргне од руската престолнина на 13 – ти декември, а од Софија на 16-ти декември. Станици во тој правец ќе бидат Смоленс, Минск, Брест, Варшава, Богумин, Братислава и Белград.
Од Москва до Софија патниците ќе пристигнуваат за 51 час и 48 минути. Тргнувањето на возовите ќе биде секој ден во 16:27 часот од Москва, а во 11 и 30 од Бугарија.
Инаку сообраќајот на возовите со број 15/16 Москва – Будимпешта и број 59/60 Москва – Софија привремено беше сопрен во декември 2014-тата година поради наглото опаѓање на прометот во патничкито сообраќај.