ги назначува новите шефови на македонските специјални сили, односно иако постоечките команданти на специјалците не го прекршиле законот тој сакал да ги промени.
Со цел да добијат поддршка за ова свое барање од албанските партии тие под маса испратиле непринципиелен предлог во кој било предвидено ДУИ и ДПА да ги поддржат барањата на СДСМ за нови зголеми ингеренции на министерот за внатрешни, а за возврат тој сдсмовски министер да назначи Албанец по род за шеф на македонските специјални полициски сили „Тигар“.
Ова наишло на жесток отпор од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, СДСМ одамна има стратегија на додворување кон албанскиот политички фактор. СДСМ се свесни дека следните избори ќе ги изгубат убедливо и затоа сега упорно нудат концесии кон албанскиот фактор во обид да создадат непринципиелна коалиција против ВМРО-ДПМНЕ.
Идеологот на СДСМ Љубомир Фрчковски во неколку наврати јавно ја ја нуди идејата за Албанец за премиер на Владата наместо Никола Груевски.
Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер.
Што значи ротирачки премиер?
Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.
И угледниот опозиционер Стојан Андов вчера ја понуди идејата за создавање на коалција на СДСМ, ДПА и ДУИ против ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Целта на таквата коалиција според Андов би била да се отстрани ВМРО ДПМНЕ од власт.
А, наместо ВМРО ДПМНЕ, којa добива убедлива подршка од граѓаните во број од околу пола милион гласачи да владеат…