ДУИ, СДСМ и ДПА.
Затоа сметам дека ДУИ, ДПА и СДСМ со нивните коалициски партнери треба да направат коалиција и тогаш Груевски нема да може да формира влада и ќе мора да одговара пред институциите. ДУИ, ДПА и СДСМ треба да седнат на маса и да потпишат договор да се обединат во парламентот, да соберат над 51 проценти од пратениците и да бараат разрешување на владата сега, да не се чекаат изборите, вели Андов.
Кон оваа стратегија на СДСМ се приклучува и Петар Гошев кој исто така заговара сојуз на СДСМ со албанските партии, наспроти ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа алтернатива е веќе позната. Станува збор да се направи обид да се формира ново парламентарно мнозинство кое ќе го исфрли Груевски од игра. Во новото мнозинство би биле вклучени пратениците од етничките албански партии и други помали партии во парламентот, вели Гошев.
Со овие изјави и Андов и Гошев ја продолжуваат политиката на додоворување на опозцијата кон Албанците, но и признаваат дека СДСМ нема никакви шанси да го победи вмро на следните избори, факт кој е јасен на целата јавност особено на раководството на СДСМ кое прави се за да ги избегне изборите и извесниот пораз на нив.