
Премиерот Никола Груевски во рамки на дводневната политичко-економска посета на Шпанија присуствуваше на Конгресот на ЕПП – Европската народна партија.
Во рамки на Конгресот обраќања имаа шефови на влади членки на ЕПП, а пред политичките лидери се обрати и премиерот Груевски кој истакна дека Република Македонија ги живее и работи европските вредности, притоа посочувајќи дека македонската Влада продолжува со спроведување на длабоки политички и економски реформи насочени кон исполнување на критериумите на членство во ЕУ, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот.
Премиерот учествуваше на работното претседателство на Европската народна партија кое го предводи процесот на избор за нов претседател, и заедно со останатите политички лидери од Европа гласаше за избор на нов претседател.
На маргините на Конгреот, Груевски оствари низа куси средби и разговори со повеќе европски политички лидери и политичари.