
Борбата за Македонија се вика ВМРО. Формирањето на ВМРО значеше почеток на македонската борба, значеше Илинденско востание, значеше Народно-ослободителна војна, значеше АСНОМ, значеше 8-ми Септември.
Ова меѓу другото се наведува во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што денес беше упатена по повод државниот празник 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Во продолжение интегрален текст од честитката:
Денес славиме 122 години од раѓањето на првата организирана идеја и мисла за слободна Македонија. Денес го славиме раѓањето на идејата за слободна Македонија.
Борбата за Македонија се вика ВМРО.
Формирањето на ВМРО значеше почеток на македонската борба, значеше Илинденско востание, значеше Народно-ослободителна војна, значеше АСНОМ, значеше 8 Септември.
Со формирањето на македонската револуционерна организација започна организираната борба на македонскиот народ за слобода и создавање на своја независна држава. Овој ден не потсетува на решителноста, одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава.
На овој ден им оддаваме почит на шестте великани, основоположници на идејата за слобода на Македонија, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Нивниот пример го следеа илјадници наши луѓе, кои несебично се жртвуваа за идејата за слобода за Македонија.
Да биде вечна идејата за слобода!
Да биде вечна Македонија!
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!
Со почит,
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ