
Тунел со железница за криумчарење дрога е отриен на границата помеѓу САД и Мексико.
Тунелот, како што јавува Си Ен Ен се протега од Тихуана до Сан Диего и внатре има вграден железнички систем, осветлување, струја, како и метална ограда за да се спречи затрупување.
Во тунелот се запленети најмалку 12 тони марихуана. Се проценува дека дрогата на уличниот пазар достигнува вредност од 6 милиони долари, а уапсени се 22 лица во Сан Диего и Тхуана.
Новиот тунел бил откриен во рамки на шестмесечната истрага што започнала во мај годинава и во кој биле вклучени прикриени агенти кои помагале во изнесувањето на кофи со отпаден материјал ид тунелот.
Инаку ова е десетти по ред тунел за криумчарење дрога што бил откриен во областа на Сан диего од 2006-тата. Вкупно досега се откриени над 75 вакви тунели, от кои најголем дел биле во Калифорнија и Аризона.