
Старец прегазен од трактор во гостиварско. Додека бил на тракторот се обидувал да вклучи друга машина и паднал под тркалото.
Вчера во 16.25 часот во полициската станица во Гостивар, од Медицискиот Центар Гостивар било пријавено дека е донесен починат Камбер К.(78) од село Неготино, гостиварско.
Имено, Камбер К. во дворот од семејната куќа бил на трактор и се обидувал да вклучи друга машина, а кога ги ставал каблите од истата во акумулатор паднал од тракторот при што бил прегазен со задното тркало.
Увид извршила екипа од полициската станица Гостивар, а телото на починатиот е предадено на семејството.