
Едно лице го загуби животот, а едно е повредено откако со автомобил излетале од патот.

Несреќата се случила синоќа околу 02.00 часот на локалниот пат Кочани – село Грдовци. Од засега непознати причини дошло до излетување од патот на патничкото моторно возило со кочански регистарски ознаки управувано од Марин П.(24) од Кочани, а како сопатник во возилото се превезувала Б.А.(18) од село Грдовци.
При незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Марин П. и Б.А. и по укажување на медицинска помош во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Кочани и сериозноста на повредите двајцата се префрлени во Клиничкиот Центар – Скопје.
Марин П. во Клиничкиот Центар во Скопје им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Штип.