
Уапсен возачот кој прегази девојче во Хром. Како што информира МВР, возачот на камионот Р.В. е лишен од слобода во полициската станица Ѓорче Петров, и истиот ке биде изведен пред надлежен суд.
Несреќата се случи вчера околу 15.30 часот во Скопје на крстосницата од улиците: „В.В. Чакаларов“, „Ангел Динев“ и „Исаија Мажовски“.
Товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка Кесон исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Р.В. удрил во пешак на возраст од 11 години, која поради сериозноста на повредите починала на местото на несреќата.
По наредба на ЈО телото е предадено на обдукција. Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.