
Во касарна во Белгија се случил обид за напад со автомобил-бомба, јавија локалните медиуми. Престрелка со огнено оружје се слушнала откако едно возило се обидело да се забие во инсталацијата. Маскираниот напаѓач е во бегство.
Напаѓачот со автомобил се обидел да ја пробие главната капија, кога стражарите запопнале да пукаат.
Во возилото подоцна биле пронајдени експлозиви.
Мотивот за нападот сè уште е нејасен.
Оваа база е сместена во близина на градот Намур, а во неа има 650 војници од вториот пешадиски батаљон.