
Гвен Стефани (46) и Гевин Росдејл (49) успеаа да се договорат за сите детали околу најавениот развод надвор од судот. Двојката ќе има заедничко старателство над трите сина, Кингстон, (9), Зуму (7) и Аполон (1).
– Момчињата сега повеќе ќе бидат кај Гевин затоа што распоредот на Гвен е преполн заради учеството во жири комисијата во „Voice“, но и поради турнејата за која се подготвува со бендот, рече пријател на двојката. Фронтменот на бендот Буш и Гвен немаа потпишан предбрачен договор, но наводно Гевин се согласил на помалку од половина од заедничките пари и имот.
– Ваквата галантна одлука на Гавин го забрза договорот. Тој се однесуваше како вистински господин, тврди пријателот на пејачот. Гвен и Гевин беа во врска од 1995 година кога нејзинот бенд No Doubt беше предгрупата Bush. Тие се венчаа во 2002 година, а официјалниот карј на бракот, треба да биде до крајот на оваа година.