
На автопатот Гостивар -Тетово на потегот, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, утре ќе се изведуваат градежни работи за крпење на ударните дупки, информира АМСМ.
Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.